fbpx

Добродојдовте во најголемиот онлајн маркет за пијалоци.                                                                                                                                                                                                 ☏ 070 233 980 | ✉ contact@bistravoda.mk

CUBA LIBRE Cocktail

Deal Score0
Deal Score0

Cuba Libre (во превод „Слободна Куба“) е освежителен коктел кој сигурно ќе ве измами да го пробате во текот на топлите пролетни и летни денови. Одличен е ако сакате да ги изненадите своите пријатели, затоа што повеќето луѓе го сакаат, а се приготвува многу лесно.

Двете најпознати марки на рум, Havana Club и Bacardi, имаат своја верзија за тоа како и кога настанал коктелот.

Според Havana Club, коктелот Куба Либре за прв пат бил послужен во Куба во 1900г. Се смета дека во таа година колата за прв пат била пренесена во Куба од американските војници.

Според Bacardi, коктелот Куба Либре бил создаден за време на Шпанско-американската војна. Еден ден, група американски војници се собрале во кубански бар. Некој од нив порачал златно Bacardi со кола, коцки мраз и малку зелен лимон. Пијалокот предизвикал љубопитност кај останатите војници кои исто така го порачале. Еден војник решил дека треба да наздрават со зборовите „Por Cuba Libre“ (за слободна Куба) во чест на ослободувањето на островот, па така коктелот го добил и своето име. Но, оваа приказна има еден мал пропуст. Шпанско-американската војна и ослободувањето на Куба се случиле во 1898г., додека Кока-колата за прв пат во Куба се појавила во 1900г.

Иако точната приказна за настанувањето на коктелот Куба Либре е непозната и сложена, добро се знае рецептот за неговото приготвување, кое е многу лесно и едноставно.

author avatar
BistraVoda

We will be happy to hear your thoughts

      Leave a Reply

      Бистра Вода
      Logo
      Compare items
      • Total (0)
      Compare
      0
      Shopping cart