Jack Daniel’s Honey – Малку мед, многу Jack
Jack Daniel’s Honey е првиот „флаворизиран“ израз од дестилеријата во Линчбург. Направен со мешање на класичниот Old No. 7 Tennessee Whiskey со специјално подготвен ликер од мед, овој пијалак ги задржува карактеристичните ноти на Jack Daniel’s, но со додадена богата сладост.
Вкусен профил:
-
Арома: Природен мед, слатка меласа, јаткасти плодови и карактеристичниот нежен мирис на Jack Daniel’s.
-
Вкус: Неверојатно мазен. Доминираат ноти на течен мед, препечени костени, чоколада и малку пралина.
-
Завршница: Богата, долга и природно слатка.
Начин на послужување: Најдобро е да се пие добро изладено како „shot“, со многу мраз или во комбинација со лимонада, сода или сок од јаболко за освежителен летен коктел.







