Vino Temjanika 0.75 lit – Захарчев Винарија
420,00 ден
6 на залиха
Темјаниката е сорта грозје што нема точно утврдено и познато потекло, а се претпоставува дека потекнува од Блискиот Исток. Претставува една од најстарите и најраспросраени сорти во светот, а во Македонија е најзастапена во Тиквешијата. Сортата го добила името од изразениот мирис на темјанушка.
Темјаниката зрее при крајот на август или во почетокот на септември, на лесни и умерено влажни почви. Таа е најпогодна мускатна сорта за топли виногорја. Има среден принос. Грозјето е со дебела, црвста луша со зелено-жолта боја, на сончевата страна има ’рѓести точки. Сокот е безбоени со изразен мускатен мирис.
Од темјаниката се добиваат квалитетни и врвни суви, полусуви и десертни мускатни вина. Виното од темјаника има интензивна златно-жолта боја со зелени нијанси, а го одликува силна свежина со полн вкус што се чувствува долго. Аромите се силно мускатни и зачински, а се чувствува и вкус на кајсија, сушена слива или кора од портокал.
- Суво бело вино со контролирано потекло од Тиквешкото Виногорје, со изразено жолто зеленкаста лимон боја.
- Совршен спој на цветни и овошни ароми а особено изразени ароми на темјанушка.
- Се служи изладено на температура од 10 – 12 ºC
- Alc 12.5% vol
- Може да го пиете во придружба на лесна храна, салати, бело месо, морска храна и десерти. Сепак, затоа што има богати ароми, може слободно да го послужите и да го пиете самостојно.
There are no reviews yet.