fbpx

Добродојдовте во најголемиот онлајн маркет за пијалоци.                                                                                                                                                                                                 ☏ 070 233 980 |[email protected]

Наш избор

Македонска Винарија Киево

Deal Score0
Deal Score0
Македонска Винарија Киево
Винарска визба Киево е првата регистрирана семејна мини винарија во Штип. Долгогодишната семејна традиција на производство на грозје и вино ни ја вроди идејата уникатноста на климатските услови на овчеполието, зачинети со плодната почва и вложениот труд, да ги преточиме и запечатиме во шише вино. Киево располага со 7 хектари сопствени лозови насади на сортите вранец и ризлинг, со експозиција север-југ, на надморска височина од околу 300 метри, оддалечени на само 4 километри од визбата. Вината се произведени со минимална интервенција како би ви ја доловиле разновидноста на македонските вински региони.

Вранец

Вранецот се карактеризира со интензивна рубин црвена боја,  арома на џем од шумски плодови со среден интензитет и притаени ноти на путер и ванила. Балансот на средно полно тело, високи киселини и богати танини со автентичниот вкус на капини, вишни и малини е заокружен со долготраен финиш, со што ова вино ви овозможува комплетно уживање. Наша препорака е да се комбинира со црвено месо или пастрамајлија, а за вегетеријанците со печурки на плотна.

Линк за нарачка – https://bit.ly/3MSKVgF

Ризлинг

Ризлингот има светло жолта боја со зелени нијанси со среден интензитет. Ова вино се одликува со арома на лимон, лимета и притаена зелена јаболка, карактеристична за оваа сорта. Лесно кон средно тело, високи киселини, овошни вкусови на лимон, лимета, кајсија и круша. Освежително, особено кога е добро изладено. Наша препорака е да се конзумира во комбинација со  лосос и зеленчук но идеално е во хармонија и со вкусовите на било која друга риба. Совршено го надополнува лесниот оброк од пармезан или пржени моцарела стапчиња.

Линк за нарачка – https://bit.ly/3eRoVGq

We will be happy to hear your thoughts

Leave a reply

Бистра Вода
Logo
Compare items
  • Total (0)
Compare
0
Shopping cart