Македонска Винарија Киево
Вранец
Вранецот се карактеризира со интензивна рубин црвена боја, арома на џем од шумски плодови со среден интензитет и притаени ноти на путер и ванила. Балансот на средно полно тело, високи киселини и богати танини со автентичниот вкус на капини, вишни и малини е заокружен со долготраен финиш, со што ова вино ви овозможува комплетно уживање. Наша препорака е да се комбинира со црвено месо или пастрамајлија, а за вегетеријанците со печурки на плотна.
Линк за нарачка – https://bit.ly/3MSKVgF
Ризлинг
Ризлингот има светло жолта боја со зелени нијанси со среден интензитет. Ова вино се одликува со арома на лимон, лимета и притаена зелена јаболка, карактеристична за оваа сорта. Лесно кон средно тело, високи киселини, овошни вкусови на лимон, лимета, кајсија и круша. Освежително, особено кога е добро изладено. Наша препорака е да се конзумира во комбинација со лосос и зеленчук но идеално е во хармонија и со вкусовите на било која друга риба. Совршено го надополнува лесниот оброк од пармезан или пржени моцарела стапчиња.
Линк за нарачка – https://bit.ly/3eRoVGq