fbpx

Добродојдовте во најголемиот онлајн маркет за пијалоци.                                                                                                                                                                                                 ☏ 070 233 980 | ✉ contact@bistravoda.mk

Услови за користење

Deal Score0
Deal Score0

ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
 
Политики за користење на системот за електронска трговија.
 
Со самиот пристап на интернет страницата на Бистра Вода ДООЕЛ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
 
Бистра Вода ДООЕЛ ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

Почитувани Потрошувачи,

Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме убаво да ги прочитате овде истакнатите Услови на користење.

Користењето на нашата страница и услуги на веб продажба на Бистра Вода, значи дека сте запознaени со нашите Услови на користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.

Податоци за компанијата:
Назив: Друштво за производство, услуги и трговија на големо и мало  БИСТРА ВОДА ДООЕЛ експорт-импорт Скопје
Адреса: ул. Бутелска 21, Скопје
Контакт телефон: +389 70233980
Веб страна: www.bistravoda.mk
Email: contact@bistravoda.mk
Шифра на дејност: 47.91 Трговија на мало преку пошта и интернет 
Даночен број: 4038017512325

Податоци за Офицер за заштита на лични податоци
Име и презиме: Борис Петровски
Kонтакт телефон: 070/234-066
Е-маил адреса: contact@bistravoda.mk
 
1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
 
Бистра Вода Дооел ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Бистра вода дооел не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
 
2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
 
Бистра Вода ДООЕЛ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Бистра Вода ДООЕЛ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.
 
3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ
 
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Македонска Пошта АД Скопје, Глобко Логистик Скопје, Карго Експрес, Спиди Деливери на адресата која е наведена во порачката.
 
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.
 
Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.
 
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.
 
4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
 
Бистра Вода ДООЕЛ ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

Забранета продажба на алкохолни пијалоци и цигари на лица со возраст под 18 години и на енергетски пијалоци на лица со возраст под 14 години.  

Согласно со измени во Законот за трговија, објавен во сл.весник  (148/13)

 

We will be happy to hear your thoughts

Leave a reply

Бистра Вода
Logo
Compare items
  • Total (0)
Compare
0
Shopping cart
Verified by MonsterInsights