Vranec Barrique 0.75 lit-Захарчев Винарија
900,00 ден
4 на залиха
Најважна и водечка сорта за производство на црвени вина во Македонија е вранецот. Настаната е по пат на природно вкрстување и застапена е во сите виногорја на Повардарскиот регион, а во другите виногорја ја има во помали размери. Грозјето има темноцрвена боја и најдобри резултати дава на средно плодни и умерено влажни почви.
Зборот вранец означува црн пастув, затоа вината од оваа сорта грозје асоцираат на сила и моќ. Вран исто така значи нешто што има сјајна црна боја.
Суво црвено вино со контролирано потекло од Тиквешкото Виногорје, со интензивна потемна рубин црвена боја, богати со екстракт и обоени материи. На вкус е хармоничнo, со нагласен сортен мирис и со покомплексна арома што наликува на шумско овошје и дрвенести мириси, и на чоколада и ликер.
Се служи на температура од 16 – 20 ºC.
Alc 12.5% vol.
Добро одговара со сите македонски јадења, како и со црвено месо, дивеч, месо на скара и чадено месо.
There are no reviews yet.